Фудбал
1. October 2019 - 8:39

Јувентус со нов обид да ги врати двете титули шампион на Италија за 2005 и 2006 година

Јувентус нема намера да се откаже од титулите освоени во 2005 и 2006 година, одземени по судски пат поради местење натпревари. Како резултат на скандалот Јувентус беше исфрлен во втората лига.

Клубот од Торино испрати жалба до Колегиумот на италијанскиот спортски трибунал и се надева дека доколку не ги вратат трофеите, тој од 2006 да не биде административно доделен на Интер.

Јувентус во следното коло од Серија А, во дербито ќе се соочи токму со Интер.