Фудбал
3. March 2016 - 10:29

Јувентус на пенали до финалето на националниот куп

 
 Екипата на Јувентус ќе има можност да го брани трофејот во Копа Италија,, откако синоќа во реванш полуфиналниот дуел против Интер во Милано славеше победа на пенали со 5:3.
 
Интер во основните 90.минути ја анулира предноста од 3:0 што Јувентус ја имаше од првиот дуел во Торино. Во 30-минутното продолжение немаше голови па се пристапи кон изведување удари од белата точка.
 
Противник на Јувентус во финалето ќе биде Милан кој со две победи и вкупни 6:0 го елиминира третолигашот Алесандрија.
 
Финалето е закажано за 21 мај на „Олимпискиот стадион“ во Рим.