Loading Video...
Фудбал
9. March 2020 - 9:35

Јувентус го доби дербито со Интер

Фудбалерите на Јувентус го победија Интер со 2-0 во дербит дуелот од 26.коло на италијанската Серија А. 
 
На средбата која се играше во Торино, пред празни трибини, поради проблемите со Корона вирусот, двата гола беа постигнати во второто полувреме.  
 
Во 55.минута Арон Ремзи беше стрелец на првиот, а во 67.минута Пауло Дибала на ефектен начин го постигна вториот гол за Јуве за конечни 2-0.
 
Со совоените три бода Јувентус се врати на врвот на табелата пред лацио кој има еден помалку, додека Интер кој останата на третото место заостанува девет бода зад „Старата дама“, но тимот од Милано има и еден натпревар помалку.