Loading Video...
Фудбал
28. September 2019 - 18:57

Јуве со нова победа во Италија

Фудбалерите на Јувентус  избија на врвот на табелата во Италија откако го совладаа Спал со 2-0. 

Старата дама го отвори резултатот со прекрасниот гол на Пјаниќ во 45. Минута додека  победата ја запечати  Кристијано Роналдо во вториот дел.  На натпреварот меѓу стативите застана легендарниот Буфон кој го израмни рекордот на Малдини од 902 натпревари во кариерата.

            Во Шпанија прв пораз на Атлетик Билбао. Баските беа непријатно изненадени пред својата публика од Валенсија која триумфираше со 1-0 со погодокот на Черишев.

            Ливерпул оствари  тешка победа на гостувањето кај Шефилд Јунајтед и тоа благодарение на големата грешка на домашниот голман Хендерсон која правовремено ја казни Вајналдум со што тимот на Клоп продолжува на врвот на табелата во Англија со 7 победи во исто толку средби.