-->
-->
Јуве „падна“ во Рим
-->

Во последниот денешен меч од 15 коло во Серија А, на „Олимпико“ во Рим Лацио со 3-1 го совлада шампионот Јувентус и му го нанесе првиот пораз во првенството. Со тоа освен што „небесно-сините“ му се доближија на само три бода до Јуве, туку и му направија услуга на Интер кој вчера одигра 0-0 со Рома, а се уште е на лидерската позиција на табелата со 2 бода пред „Старата дама“.
Јувентус одлично го почна мечот. Кристијано Роналдо во 25 минута погоди за 0-1.
Се играше со силно темпо, атипично за италијански фудбал. Кога се чинеше дека Јуве на полувреме ќе замине со минимална предноста, Луис Алберто во 45 минута погоди за 1-1 на полувреме.
Во вториот дел почна изедначено, најдобрата шанса за Јуве ја имаше Дибала во 66 минута, но Аргентинецот се сплетка пред голот на Стракоша.
Во 69 минута италијанскиот шампион остана со 10-мина на теренот. По прегледувањето на ВАР снимката, Квадрадо доби директен црвен картон за стартот со кој спречи контра на Лацио.
Лацио ја користи бројчаната предност, па српскиот интернацоналец во 74 минута ја користи заспаноста на противничката одбрана, се пробива во шеснаесетникот и прецизно бие за 2-1.
Во 79 минута Лацио доби пенал откако Шчесни го фаулираше Кореа во шеснаесетникот. Сепак Полјакот го одбрани ударот на Имобиле од белата точка и го остави својот тим во игра.
Сепак во судиското надополнување, по една брзаа контра Саиседо ги постави конечните 3-1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
