-->
-->
Јункер: Прашањето за реструктуирање на грчкиот долг може да биде разгледано во октомври
-->

Прашањето за реструктуирање на грчкиот долг може да биде разгледано во октомври, ако пред тоа биде изработена нова програма за помош на Грција, во рамки на Европскиот стабилизациски механизам, изјави по средбата на лидерите на еврозоната претседателот на ЕК Жан Клод-Јункер.
- Тоа прашање може да биде разгледано, ако до тој момент семјата ги исполни сите основни задолженија за кредиторите, рече Јункер.
Грција бара да и бидат простени 30 проценти од задолженијата и да се продолжат роковите за исплата на преостанатиот дел од нив.
Долговите на Атина изнесуваат 315 милијарди евра - над 175 проценти од БДП на земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
-

Кичевчани кои беа згрижени од поплавите се враќаат во домовите
-

Кој е засегнат од одлуката на САД за пауза на постапките за издавање иселенички визи?
-

Македонија се уште нема позиција за Гренланд, европски воени трупи пристигнуваат на островот
-

По лидерската средба се договара законот за прекршоци
-

Ќе се бара повторување на огласот за член на Судски по предлог на Парламентот – новите членови дадоа заклетва
-

Нема пролонгирање на почетокот на второто полугодие поради грипот - за една недела во ИЈЗ се пријавени 2322 болни
