-->
-->
Јункер: Поставуваме темели за ново проширување на ЕУ
-->
Државите од Западен Балкан заслужуваат перспектива за членство во ЕУ и затоа мора да поставиме темели за ново проширување на Унијата, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.- Перспективата за членство што ја заслужуваат земјите од Западен Балкан нема да биде спроведена во пракса за мојот мандат на чело на Европската комисија, но мораме да ги поставиме темелите за тој процес. На тие земји останува да ги спроведат неопходнуте рефоми за да може наскоро и да дојде до членство, нагласи Јункер во интервју за Дојче веле.
Тој при тоа ја пофали Бугарија поради тоа што приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ го постави како една од најважните теми на нејзиното претседавање со Унијата во првите шест месеци од оваа година.
- На бугарската Влада треба ди и заблагодариме за важните чекори што веќе ги направи: Самитот за Западен Балкан што ќе се одржи на 17 мај ќе биде важен чекор. Бугарија едноставно е предодредена да ги гради мостовите со земјите од Западен Балкан, затоа што го познава тој регион, културата и јазикот, а и самата успшено мина низ процесот на проширување на ЕУ, нагласи Јункер.
Како што претходно јави МИА, приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ беше една од темите и на денешната седница на Европската комисија.
- На својот прв состанок во 2018 година еврокомесарите ги разгледуваат институционалните приоритети за оваа година, година во која треба да бидат спроведени економските и монетарните реформи на Унијата, да се обезбедат границите на ЕУ, да се подобри системот за азил, да се врати Шенгенот, да се комплетира единствениот дигитален пазар и да се приближи Западен Балкан кон ЕУ, се наведува во соопштението по состанокот на европските комесари во седиштето на Комисијата во Брисел.
Во соопштението се истакнува дека од 89 „приоритетни досиеја“, 29 се завршени, а Еврокомисијата сака и останатите да бидат завршени до крајот на мај 2019 година.
Планирано е сите европски комесари в четврток да отпатуваат во Софија, каде в петок ќе разговараат со бугарските официјални претставници за приоритетите на бугарското претседавање со Советот на ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
