Јункер: ЕУ го осуди нападот во Финска
Европската Унија категорично го осуди нападот со нож, што вчера беше извршен во југозападниот фински град Турку, во кој загинаа две и беа ранети шест лица, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, цитиран од француските медиуми.
„Со голема загриженост слушнав за жестоките напади во Турку, во Финска. Додека се уште се разјаснуваат околностите ние категорично го осудуваме овој непредизвикан напад, извршен само 24 часа по ужасот во Шпанија“, изјави Јункер во коминике.
„Мислите ми се со жртвите и нивните најблиски. Искажувам целосна солидарност со силите за безбедност, со финскиот народ и со премиерот Јуха Сипиле“, наведе тој.
Две лица загинаа и шестмина беа ранети во напад со нож, извршен во овој пристаништен град.
Осомничениот извешител на нападот беше уапсен, но силите на редот и натаму трагаат по потенцијални соучесници.
Финската полиција засега нападот не го третира како атентат, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи, цитирано од ТАСС.
Ново на Сител
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата