-->
-->
Јуниорите ќе имаат тест дуели со Бугарија
-->
Машката јуниорска репрезентација на Македонија (У20), во рамки на подготовките за квалификациите за ЕП 2016, ќе одигра пријателски натпревари против соодветната селекција на Бугарија.
Првиот натпревар ќе се игра утре (вторник) со почеток од 19:30 часот во салата Автокоманда во Скопје, додека вториот дуел, Македонија - Бугарија ќе го одиграат во среда на истата локација со почеток од 12:00 часот.
Избраниците на селекторот Александар Јовиќ периодов активно се подготвуваат за настап на квалификациите за ЕП Данска 2016. Квалификацискиот турнир ќе се игра во Шафхаузен, Швајцарија, во периодот од 8 до 10 април, а нашата репрезентација се наоѓа во група со домаќинот Швајцарија, Фарски Острови и Црна Гора.
Натпреварите против Бугарија, Јовиќ ќе ги искористи да ги тестира и воигра ракометарите, пред последната фаза од подготовките и заминувањето за Шафхаузен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст