-->
-->
Јуначкото срце на Али чукало 30 минути без органи?!
-->

Срцето на легендарниот американски боксер Мохамед Али, кој почина ноќта кон саботата на 75-годишна возраст, продолжило да се бори уште 30 минути откако откажале сите органи, изјави една од неговите ќерки.
Во четвртокот Мохамед Али беше хоспитализиран во болница во Феникс, каде што подоцна и почина. И покрај првичните информации дека станувало бор за проблеми на респираторниот тракт, семејството на спортистот објави дека причина за смртта е септичен шок, кој настапил, како што соопштиле лекарите како последица на „непозната природна причина“.
Ќерката на Али, Хана Али, којашто ја цитира Associated Press напиша на социјалните мрежи дека „никој не видел нешто слично“ и го нарекува тоа „вистинско сведоштво за силата на духот и волјата“.
Британскиот весник The Mirror во петокот пишуваше дека по хоспитализрањето на Мохамед Али со сомневања во проблеми со дишните патишта, негови роднини изјавиле дека тој се наоѓа на смртната постела. Лекарите ја разгледувале можноста Али да биде преместен од болницата во Феникс, но сепак решиле дека транспортот може да биде фатален за пациентот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
-

11-годишно дете од Долнени пријавено за иcчезнато
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
-

Следната учебна година ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку
-

Вработен во кафуле со остар предмет повредил тетовчанец
