-->
-->
Јулијана Штрковска Колариќ – кандидат на Левица за градоначалник на Кисела Вода
-->
Левица вечерва го обзнани својот кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода – Јулијана Штрковска Колариќ.
Јулијана е магистер по економски науки и долгогодишен овластен внатрешен ревизор во ЈП „Национална радиодифузија“, со работно искуство и во Македонската радиотелевизија, како и во Центарот за управување со кризи. Во својата професионална кариера има работено и како сметководител и проектант.
Нејзината борба е насочена кон: спречување на штетни политики, транспарентно и отчетно работење на локалната самоуправа, увид во трошењето на народните пари, лесен пристап до информациите од јавен карактер. Фокусот на работењето ќе и биде на политики за заштита на животната средина и одржлив локален раст и развој.
Левица
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ја консолидиравме државата, ќе ја развиваме да биде таква каква ја посакуваат граѓаните
-

Филков: Транспарентноста во изборот и дисциплинската одговорност предуслов за ефикасен судски систем
-

ЗОИ 2026: ИОК го дисквалификува Украинецот Гераскевич поради носење нелегална кацига
-

НБА ги казни Гвеј и Рид за тепачка за време на натпреварот Минесота - Атланта
-

Турција и Грција посветени на зајакнување на пријателските односи и подобрување на каналите за комуникација
-

Зеленски: Сакам конкретен датум за пристапувањето на Украина во ЕУ
-

МВР: Саит Саитов уапсен во Белград
-

Во чест на Св. Трифун групна изложба од 35 уметници во Музеј Галерија Кавадарци
