Јулија Тимошенко најави кандидатура за претседател на Украина
Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска најави дека ќе се кандидира за претседател на Украина на претстојните претседателски избори во земјата.
Во обраќање на Конгресот на нејзината конзервативна партија Сеукрански сојуз „Татковина“ (Баткившчина) во Киев, Тимошенко вети дека ако биде избрана за украински претседател „ќе ја поврати контролата“ на Украина над Крим и сепаратистичките реони на истокот од земјата.
Според анкетите на јавното мислење, 58-годишната Тимошенко би добила најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори, предвиден за 31 март.
Тимошенко, која беше украински премиер од 2007 до 2010 година, по смената од премиерската функција мина две и пол години во затвор под обвинение за склучување на штетен договор со Русија за изпорака на гас на Украина.
Таа ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека затворската казна претставувала одмзада на нејизниот тогашен ривал, поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.
Тимошенко претрпе пораз на пратеседателските избори во 2010 година токму од Јанукович, а четири години подоцна, во 2014, беше поразена од актуелниот претседател на Украина, Петро Порошенко.
Учество во мартовската трка за украински претседател досега најавија 15 кандидати, меѓу кои засега не е и актуелниот претседател Порошенко.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Тимошенко би освоила нешто над 20 проценти од гласовите и во вториот круг би се соочила со Володимир Зеленски од популистичката партија Слуги на народот (СН) или со Порошенко, кој најверојатно би бил кандидат на неговата десноцентристичка партија Солидарност.
Ново на Сител
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
-

Најмногу врнежи во Маврови Анови, на Попова Шапка 43 сантиметри снег
