-->
-->
Јули бил најтопол во историјата - метеоролозите прогнозираат страшна зима
-->
Минатиот месец јули е најтоплиот месец досега на планетата Земја, со тоа што најтопло било во Европа и Блискиот Исток.
Американските метеоролози објавија дека просечната температура во јули на глобално ниво изнесувала 16,6 степени Целзиусови што е за 1,7 степени повеќе од тоа што е регистрирани последен пат во 1998 година. Најжешки делови во светот во јули биле Европа и Блискиот Исток, пренесува Анадолија.
Според резултатите температурата регистрирана од првиот до седмиот месец годинава, исто така, е над повеќедеценискиот рекорд. Просечната температура на глобално ниво во овие месеци изнесувала 14,7 степени Целзиусови, што е за 1,53 степени над просекот регистриран во 20. век.
Температурата на водите во океаните, исто така, бележи раст од 1,35 степени Целзиусови во месец јули во однос на температурата во истиот период регистрирана минатиот век.
Инаку, за оваа зима која ни следи метеоролозите најавија дека ќе биде една од најладните, како што ова лето беше едно од најтоплите до сега.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија