Јубилејна 40-та Струшка музичка есен
Музичките работници по 40-ти јубилеен пат ќе дискутираат на актуелни теми за музиката и предизвиците на новото време, но ќе се навратат и на музичката историја во рамките на Меѓународна музичка научна манифестација „Струшка музичка есен“ што од денеска до 6 септември ќе се одржува во Струга.
Манифестацијата која четири децении се одржува на струшкото крајбрежје, јубилејното издание ќе го посвети на себеси, односно темата на годинашното издание е „Меморија и перспективи“ .
Политиката на меморирање во едно општество, според селекторот на прогрмата, Ивона Опетческа-Татарчевска, етномузиколог, етнокореолот во Управата за заштита на културното наследство, директно ги одразува актуелните политички и идеолошки интереси во него. Меморијализацијата, истакна, е процес во кој се креира видувањето на музичката историја во Македонија, со цел да дадеме легитимитет на одредени историски настани, личности и процеси.
- Четири децении сме сведоци дека Струшка музичка есен е можност за средба и размена на различни идеи и дебати на актуелни теми, кои ја преокупираат македонската музичка јавност. Годинава обединивме трудови на 30-тина учесници од четири земји, кои ќе зборуваат за сеќавањето, наследството, моќта и релациите на сите поими со музиката, најави Опетческа-Татарчевска.
Преку годинашната тема „Меморија и перспективи“, додаде, ќе прошетаме низ сите претходни изданија на Струшката музичка есен.
Покрај од Македонија ќе учествуваат музиколози од Хрватска, Англија и Словенија.
На годинашниот научен собир на музиколозите, етномузиколозите, музичките педагози, медијависти и репродуктивни музички уметници, Опетческа-Татарчевска истакна дека ќе му оддадат чест на основоположникот на манифестацијата Сотир Голабовски, но и на сите стружани кои дале придонес во музичката историја во Македонија во последните четири децении. Ќе се одбележат и јубилеите110 години од раѓањето на СтефанГајдов, 100 години од раѓањето на ПанчеПешев, 90 години од раѓањето на КирилМакедонскии ВластимирНиколовски и 65 години од раѓањето на Томе Манчев.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг