ЈСП-Турс со еднодневни излетнички тури до манастирите низ Македонија
ЈСП-Турс денеска соопшти дека започна со реализација на проектот „Лето во Македонија“ за развој и афирмирање на манастирскиот туризам.
Секоја недела, до крајот на летово, ЈСП-Турс ќе организира 12 еднодневни излетнички тури до поголемите манастири низ Македонија.
Турите ќе се реализираат со водич, со високотуристички автобус.
Од ЈСП-Турс посочуваат дека покрај превоз, постои и можност за ноќевање во манастирските конаци.
Цената на билетите за еднодневните тури е различна, а може да се купи и блок билет за сите 12 излети кој изнесува 3.000 денари. Со овој билет се добива и џебен водич за манастирите со сите побитни информации за манастирскиот локалитет.
Заинтересираните за пријавување и подетални информации можат да се јават на 3060-350 или 3091-522.
Ново на Сител
-
Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд
-
Маж во Атина застрелан во автомобил со најмалку 15 куршуми
-
Црвеното ниво за безбедноста во Србија останува на сила
-
Изгаснат пожар во Старата прилепска чаршија
-
Тери го критикуваше Би-Би-Си за навредливиот прекар кон Роналдо
-
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-
Кошта прв голман кој не примил гол во пенал-серија на ЕП
-
Г.г Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил