ЈСП Скопје: Нови 35 возачи, непречено функционира јавниот превоз
Од денеска 35 нови возачи започнуваат со работа во ЈСП Скопје, со што бројот на возачи изнесува 623, што е гаранција за секојдневно непречено функционирање на јавниот превоз, соопштија од претпријатието.
Како што појаснуваат од претпријатието до овој момент нема заминати возачи, освен лицата кои под редовни услови заминуваат во пензија.
- Апелираме корисниците на јавниот превоз да не потклекнуваат на обидите за ширење на лажни вести од одредени политички структури дека „автобусите ќе застанат“ поради немање на возачки персонал, се додава во соопштението.
Напротив, како што посочуваат од ЈСП Скопје, полека, но сигурно, се подобруваат условите за работа на вработените, што е предуслов, се нагласува, за подигнување на квалитетот на јавниот превоз.
- Спорадичните случаи на сообраќајни незгоди и контроли во градот врз кои претпријатието нема влијание, а поради кои се случува да доцнат автобусите се ставаат во дневно политичката агенда на напади врз ЈСП Скопје, се истакнува во соопштението.
Во последните неколку месеци двапати на сите вработени во ЈСП Скопје платата им е покачена, пишува во соопштението и истата се исплаќала во законски определениот рок и покрај тоа што, како што се наведува, за првпат по децении за ЈСП не се одвојуваат и исплаќаат средства за студентскиот стандард.
- Како никогаш досега, се вложуваат напори за подобрување на работната атмосфера и функционирањето на јавниот превоз и покрај медиумската хајка и непринципиелните дневно-политички агенди, додаваат од ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-
Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково
-
Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на беспилотни летала
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје
-
Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте
-
Роналдо му се заблагодари на Пиоли по заминувањето од Ал-Наср
-
Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција
-
Трамп ја потврди посветеноста на колективната одбрана на НАТО и го поздрави растот на трошоците за одбрана
-
Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии