ЈСП Скопје: Најавениот протест е политички мотивиран, веќе е донесена одлука за зголемување на платите
Најавениот протест од страна на Независниот синдикат во ЈСП Скопје е политички мотивиран, неприфатлив и штетен за целокупното работење на претпријатието и е на штета на граѓаните, порачуваат од Јавното градско сообраќајно претпријатие.
Информираат дека Управниот одбор на ЈСП Скопје на 19 април годинава веќе ги прифати барањата на Независниот синдикат со одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2.800 денари.
-Поради ова ги осудуваме ваквите дејствија и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ нема да се придонесе кон развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП Скопје, туку, напротив ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните воопшто, велат од ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
-

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
