ЈСП Скопје бара Владата да донесе одлука за субвенционирање на работењето на претпријатието
ЈСП Скопје денеска ја повика Владата да донесе одлука за субвенционирање на работењето на претпријатието, со оглед на зголемените цени на енергенсите во државата.
– Оваа криза бара вклучување на сите чинители во нејзино разрешување. Со оглед на тоа што е прогласена кризна состојба поради состојбата во енергетиката, на располагање се многу механизми како може да се помогне на ЈСП, oдносно на граѓаните, се наведува во соопштението од ЈСП.
Како што велат од ЈСП, врз основа на член 9-а став 6 од Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, Владата може да донесе одлука за отстапување на нафтени деривати без надомест на Град Скопје, а за потребите на ЈСП Скопје, како што било случај во 2020 година, кога гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС било отстапено за потребите на оваа сообраќајно претпријатие.
– Врз основа на досегашната практика за намалување на ценовниот шок, ова може да се примени и во случајов кога имаме драстично покачување не само на цената на електричната енергија, туку и на цените на метанот, велат од ЈСП.
Оттаму пренесуваат дека побарале и да се иницираат промени во Законот за енергетика, за да може на Регулаторната комисија да ѝ се даде можност за одредено регулирање на цената на метанот во кризни ситуации.
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
