ЈСП почнува со зимниот возен ред, од понеделник важат бесплатните билети за средношколците

Градското сообраќајно претпријатие „ЈСП – Скопје“ информира дека од денеска автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по зимен возен ред, согласно одлуката за линиски превоз на патниците во Скопје.
Возниот ред на автобусите на ЈСП, како и на приватните превозници, може да се види на веб страницата на претпријатието www.jsp.com.mk.
Во пресрет на учебната 2019/2020 година, пак, ЈСП ги информира учениците од средните училишта на Град Скопје, дека од 2 септември 2019 година почнуваат да им важат бесплатните билети за користење јавен превоз. Учениците од прва година средно, правото на користење бесплатен превоз ќе можат да го остваруваат со времен билет кој ќе го добијат во училиште. Овој билет ќе има важност до 31.10.2019 година, односно се додека не им се изработат и се поделат електронски персонализирани картички „Скопска“. На учениците од втора, трета и четврта година, бесплатните билети (персонализирана „Скопска“) автоматски, преку систем ќе им бидат продолжени.
Во случај на евентуален проблем, учениците треба да појдат во некој од центрите за персонализација на ЈСП Скопје и таму да го регулираат статусот.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
