ЈП „Комунална хигиена“: Граѓаните да не одложуваат кабаст отпад и шут во контејнерите
ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје апелира граѓаните својот кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) и градежниот шут да не ги одложуваат во и покрај контејнерите.
Законот за јавна чистота на Република Македонија забранува кабастиот отпад да се одложува во садовите за отпад поставени на јавни површини, а ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во координација со Град Скопје и општините бесплатно го собира овој тип на отпад во организирани дводневни акции што се одвиваат четири пати во годината во секоја општина.
Во рамки на акциите, граѓаните кои сакаат да се ослободат од стариот мебел и непотребните електрични и електронски апарати имаат можност овој тип на отпад да го одложат пред своите домови во периодот од 7 до 9.30 часот, по што специјалните комунални возила ќе поминат и ќе го подигнат, според однапред изготвениот распоред по месни заедници. Следната акција за собирање кабаст отпад ќе се одвива на 14 и на 15 јули во општината Центар.
Покрај акциите што се организираат во скопските општини, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје на граѓаните им нуди можност во текот на целата година овој тип на отпад со сопствен превоз бесплатно да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош. Доколку имаат потреба транспортот да се изврши со специјалните возила на претпријатието, оваа услуга може да ја побараат на бесплатната телефонска линија - 080022233. Улогата се наплаќа согласно Ценовникот на дополнителни активности и услуги на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, усвоен од Советот на Градот Скопје на 27 октомври 2015 година и изнесува 850 денари (без пресметан ддв).
Според Законот за јавна чистота на Република Македонија, не е дозволено градежниот шут што настанува при градење или реновирање на домовите, граѓаните да го исфрлат во садовите за отпад. ЈП „Комунална хигиена“-Скопје на граѓаните им ја нуди и услугата за преземање и транспорт на овој тип отпад, со специјалните возила на претпријатието. Граѓаните може да ја побараат оваа услуга на бесплатната телефонска линија - 080022233 и изнесува 950 денари (без пресметан ддв).
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова помилува десет осуденици
-
Штрајк на наставниците во Грција
-
Претреси во Битола и Македонски Брод, пронајденo оружје и муниција, лишени од слобода две лица
-
Гаши: Значајните историски датуми се потсетник дека треба да дејствуваме заедно во градење современа и просперитетна држава
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Претседателката Сиљановска Давкова упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-
„Мета“ го враќа препознавањето лице на „Фејсбук“ и „Инстаграм“
-
Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа