ЈП „Комуналец“ од Крива Паланка набави две возила за смет
Возниот парк на јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка од денеска е надополнет со две современи возила за собирање смет, едното ново, другото половно. Возилата се набавени со сопствени средства од буџетот на претпријатието, со средства во висина од околу осумдесет илјади евра.
– Оваа набавка е повеќе од потребна, возниот парк досега располагаше со три возила за собирање смет со старост од над две децении, а кај сите често се јавуваа дефекти. Сега старите се во функција, а овие современи возила прилагодени за конфигурацијата на теренот во градот ќе го олеснат работењето на претпријатието, изјави директорот на претпријатието, Миле Марковски.
Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски рече дека со денешните две, за еден месец се набавени вкупно пет возила за потребите на претпријатието, што не е направено во изминатите триесет години.
– Покрај двете возила за смет, половно и ново, набавени со сопствени средства, се очекува наскоро да биде набавено уште едно ново, со донација од Јапонската амбасада во државата, со средства од Светска банка, преку Министерството за финансии ќе се набави ровокопач што општината и ЈП „Комуналец“ ќе го користат заедно со Ранковце и Кратово, а наскоро ќе се реализира и набавка на половно возило комбе-форд. Покрај тоа, од фирмата од која се купени овие две возила добивме на користење и пет специјални контејнери- садови за селекција на стаклена амбалажа-отпад, како и триесет корпи за селекција на отпад што ќе бидат дадени на користење на фирми и правни субјекти, па се надевам покрај поголема техничка опременост на претпријатието ќе се зголеми и еколошката свест на граѓаните и ќе се подобри комплетно еколошката слика за градот, изјави Мицевски.
– Половното возило е марка „нисан“, со капацитет од 4,5 метри кубни, додека новото е произведено во Турција, со капацитет за смет од осум метри кубни, со еуро дизел шест стандард, најсовремено возило што се користи во Европа, со сензори и безбедносна камера за евентуални проблеми, изјави Владо Петкоски, комерцијален директор на „Еко-клуб“.
Фирмата донираше и шест светлечки тела за осветлување на „Шанин мост“ во центарот на Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци