ЈП Градски паркинг – Скопје: Се работи на решавање на проблемот при процесирање на пораките за паркирање
ЈП Градски паркинг- Скопје понекогаш се соочува со проблем при процесирање на пораките за паркирање или за стопирање на паркирањето, испратени од страна на корисниците, информираат од претпријатието.
Како што појаснуваат, станува збор за проблем од техничка природа на кој се работи на лоцирање и решавање.
– Граѓаните кога се соочуваат со неприфатена СМС порака за паркирање или стопирање на паркирањето, веднаш да се јават во контакт центарот на ЈП Градски паркинг- Скопје. Во меѓувреме плаќањето за паркинг услугата треба да го направат со греб картичка истакната на ветробранското стакло, посочуваат од претпријатието.
Во овој случај, додаваат, важно е корисниците да не го напуштаат возилото додека не добијат повратна порака дека паркирањето е дозволено и започнато или додека не постават греб картичка.
– За подетални информации, граѓаните може да се обратат на телефонските броеви: Центар: 02 3 21 55 66; Аеродром: 02 2 44 33 66; Илинден: 02 3 29 82 10, наведуваат од ЈП Градски паркинг – Скопје.
Ново на Сител
-
4 пациенти заминаа за Атина
-
Продолжува истрагата за пожарот
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје