Јовановиќ: Вучиќ да не го коментира тенденциозно референдумот во Македонија
Претседателот на српската опозициска Либерално-демократска партија Чеда Јовановиќ, како реакција на синоќешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ за референдумот во Македонија, изјави дека „Србија не треба тенденциозно да ги коментира резултатите од референдумот во Македонија, туку да и помогне, доколку смее.“
Во соопштение до медиумите Јовановиќ посочи дека „Европска Македонија не е и нема да биде губитник, особено не поради резултатите од референдумот, на кој со кукавички бојкот и забиен нож во грб на нејзината иднина, затоа што ВМРО ДПМНЕ повеќе водеше сметка за интересите на Москва, отколку за потребите на Македонците“
Јовановиќ смета дека Македонија, која сака да влезе во ЕУ и во НАТО, е победник во борбата што се уште трае, иако во недела имаше голема можност за конечна победа и за крај на политиката која ги подели и уништи сите југословенски републики. об/сд/11:34
„Драго ми е што денес никој во Македонија, за чиј легитимитет и легалитет беа одговорни проевропските странки, не ги коментира онака, како што беа коментисани резултатите на референдумот во Србија во 2006 –та година„-кажа Јовановиќ.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ