Јованов: Оној кој ќе гласа против Брнабиќ заминува во опозиција
Оној кој ќе гласа против кандидатурата на Ана Брнабиќ за премиер на Србија, било да е пратеник од владејачката Српска напредна партија (СНС) или од нејзините коалициски партнери, ќе замине во опозиција, изјави заменик-претседателот на СНС, Миленко Јованов за белградскиот весник „Блиц“.
- Секој од СНС, кој ќе гласа против, нема ниту „с“ од совест, нагласи Јованов, според кого, таквото однесување означува лицемерие и непочитување кон српскиот претседател Александар Вучиќ, како и кон СНС.
- Поради тоа сметам дека на секој кој така размислува треба да му се овозможи на нередните избори да излезе сам, па да покаже колку вреди, додаде Јованов.
За изјавата на лидерот на партијата Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма, дека нема да гласа за Брнабиќ, Јованов прокоментира дека тоа е негова одлука, како и одлука на неговата партија.
- Гласањето за избор на Владата, заедно со гласањето за буџетот, е задолжителен услов за некоја партија да биде дел од владејачката коалиција. Во таа смисла мислам дека господинот Марковиќ и неговата партија со нивното гласање ќе ја одредат нивната позиција, односно дали се дел од владејачкото мнозинство или се дел од опозицијата, рече Јованов.
Одлуката на Вучиќ да и го додели мандатот за состав на нова Влада на Брнабиќ, која е јавно деклариран хомосексуалец, предизвика гневни реакции, како во опозицијата, така и во неговата партија и владина коалиција.
Лидерот на националиситчкото опозициско движење Двери, Бошко Обрадовиќ изјави дека Брнабиќ, која завршила образование во САД, е „странски агент“ и е „избор на Западот“.
Дебатите во српскиот Парламент за кандидатурата на Брнабиќ започнуваат оваа недела.
Заседанието на Собранието, на кое требаше да се гласа за кандидатурата, првично беше закажано за в четврток, но потоа беше одложено и се уште не се знае кога ќе се одржи.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019