Јована (10) од Ресен е слепа, но свири клавир и хармоника, пишува поезија, пее и победува
Малечкото десетгодишно девојче од Ресен Јована Трајчевска од Ресен, по тешката болест загуби една битка - својот вид, но не и волјата за живот. Таа го победи својот хендикеп и храбро зачекори напред.
Слепилото не ја спречи да напише книга поезија, да научи да свири клавир и хармоника, да пее и да победува на различни натпревари, да биде активист во здружение за заѓтита на животните.
-Минатата година на регионален натпревар во соло пеење освои трето место. Трета беше и на натпреварот по математика, а успешна е и во шах. На осум години стана балкански првак меѓу слепите лица, а на осум ипол почна да пишува поезија, вели нејзината мајка, Јасмина Трајчевска.
Јована светот го гледа преку своите песни. Со нив ги изразува своите чувства, желби, надежи... Сега нејзините песни ги објави во книга поезија наречена “Тајните од моето срце“.
-Да напишам збирка песни ми требаше година ипол дена, а промоцијата ќе биде на 18 февруари во големата сала на општина Ресен. Инспирација имам од секојдневниот живот и моето семејство. Освен со поезија, како мала многу слушав композиции за клавир и гитара. Тие ми беа омилени инструменти. Не успеав да научам гитара, но затоа свирам клавир и хармоника и поради тоа сум многу среќна, вели малечката Јована Трајчевска.
Ова девојче им порачува на сите кои го загубиле видот да не се предаваат, туку да го следат своето среце и да настојуваат да го работат она што најмногу го сакаат.
Сите кои го прочитале поетското првенче на Јована Трајчевска се воодушевени од нејзиниот талент, а една од редакторките, Билјана Тодоровска вели дека ја прочитла во еден здив.
-Читајќи ги стиховит на Јована до мене допира љубовта. Посакав да бидам ѕвезда на небото и со целиот универзум да сковам договор и да ги исполнам сите желби што Јована како дожд ги испорача пред мене. Ме воведе во својата чедна желботека, а прочитав многу и за пружената рака на добрина. Нејзините стихови ме научија дека сите сме посебни цветови на оваа планета, вели Тодоровска.
Уметничката врата за малечката Јована се отвораат заедно со нејзиниот ентузијазам кон творештвото, а нејзините горди родители се подготвени да и помогнат во нејзините амбиции.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација