Јован Јаулески: Младите секојдневно ја напуштаат Македонија
Младите се срамат од СДСМ и Зоран Заев. Младите секојдневно во полни автобуси ја напуштаат Македонија заради погубните политики на Заев и кликата околу него.
Само во еден ден од мал град од Источна Македонија, како што е Делчево си заминале над 1000 луѓе, од кои голем број млади.
Криминалот и корупцијата кои се присутни во секоја пора на општеството ги принудуваат младите по завршување на факултетот да ја напуштат Македонија. САД, Германија и другите европски држави се редовна дестинација каде младите работат како келнери со дипломи на инжињери.
Заев и неговата клика ги лажеа младите додека да дојдат на власт. Оставаа патики и кондури пред владата, ветувајќи дека ќе ги вратат иселените млади. Не само што не ги вратија, туку и дополнително се иселуваат, секој ден се повеќе.
Зоран Заев и другите од неговата клика немаат кредибилитет да излезат пред младите, затоа што ги излажаа, искористија и злоупотребија. Младите никогаш повеќе нема да им веруваат на лагите на власта.
И додека младите мизеруваат, функционерите на СДСМ седат во удобните фотељи во министерските кабинети. Младите страдаат, а функционерите се луксузираат. Ова мора да запре. СДСМ мора час поскоро да замине. Предвремени избори што побрзо.
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот