-->
-->
Јотовски запрен во полуфиналето на фјучрсот во Добој
-->

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Добој, БиХ, што игра за награден фонд од 10.000 долари.
Јотовски во полуфиналналето загуби од Кристијан Месарош (Хрватска) со 2-0, по сетови 7:5 и 6:0.
Хрватот на турнирот настапува со специјална покана од организаторот, а пред две години тој беше меѓу најдобрите 200 тенисери на светот.
За Јотовски полуфиналето во Добој е најдобар пласман на турнирите оваа година. Со пласманот меѓу четирите најдобри, тој ќе освои нови бодови на АТП ранг листата кои ќе му бидат запишани следниот понеделник. Јотовски за пласманот во полуфиналето ќе освои шест поени, а следната недела ќе настапува на фјучрсот во Брчко каде лани играше во финалето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
