-->
-->
Јотовски запрен од дождот и Кекез во второто коло во Тунис
-->

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски остана без пласман во четвртфиналето на фјучрсот во Хамамет во Тунис. Дождот и двочасовниот прекин го „запреа“ Јотовски на патот до следната рунда. По 1 час и 17 минути игра нашиот тенисер водеше со 1-0 во сетови и 3:2 во вториот сет кога мечот беше прекинат. Во продолжението Хрватот Дује Кекез подобро го продолжи мечот и за 30 минути успеа да изедначи откако вториот сет го доби со 6:4 во гемови.
Во решавачкиот сет двајцата тенисери почнаа со по еден брејк, а на крајот Кекез беше подобар со 6:4. Мечот траеше 160 минути.
Во вкупниот број поени Кекез беше подобар со 97:92 во поени. Јотовски за пласманот во 2.коло ќе освои 1 поен.
Ова беше трет меч на двајцата тенисери и Кекез сега води со 2-1 во добиени мечеви.
Јотовски и во текот на денешниот меч имаше проблеми со повредата на раката, повреда која ја „влече“ фјучрсот во Ровињ.
Јотовски и Кекез доколку дозволи денот попладнево треба да играат и уште еден меч во конкуренција на двојки. Нивни ривали им се Александер Мерино (Перу) и Кристоф Негриту (Германија), кои на претходниот фјучрс во Тунис ги победија Јотовски и Кекез.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва
-

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман
-

ЈОРСМ: За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство
-

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“
-

Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
