-->
-->
Јотовски повторно запрен во финалето
-->

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски (530.АТП листа) и во своето четврто финале на фјучрс турнир не успеа да стигне до триумфот. Во финалето на фјучрсот во Тунис загуби од Чилеанецот Кристобал Сааведра - Корвалан (529.АТП листа) со 2:1 во сетови. Во дуелот на двајцата први носители (Јотовски бр.2) нашиот тенисер беше најблиску до турнирска победа - прва во кариерата, но сепак ќе треба да почека во некоја следна прилика, можеби на некој од следните турнири во Тунис.
Дека мечот ќе биде изедначен и долг покажа првиот сет. Сааведа - Корвалан направи брејк за водство од 1:0, а Јотовски врати и изедначи на 3:3 брејкови имаше и во последните четири гема и потоа за водство финалето решаваше тај брекот. Јотовски почна одлично и водеше со 5-0. Чилеанецот изедначи и го доби тај брекот со 9-7. Првиот сет траеше 72 минути.
Во вториот сет до 2:2 беше изедначено, а потоа Јотовски од четирите гема три ги доби со брејк и сетот го доби со 6:3 со што изедначи на 1:1 во сетови. Овој сет траеше 58 минути.
Решавачкиот сет беше најкус 54 минути, а Сааведа - Корвалан го доби со 6:4. Чилеанецот поведе со 2:0, а Јотовски изедначи на 3:3, но следеше нов брејк на ривалот.
Финалето траеше 3 часа и 4 минути, а беа одиграни вкупно 200 поени (101:99 за Корвалан).
Јотовски со пласманот во финалето ќе освои 10 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
-

Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
