-->
-->
Јотовски „поразот“ го претвори во победа
-->

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со пресврт стигна до победата во првото коло на фјучрс турнирот во Хамамет, Тунис. Тој го совлада 18-годишниот Русин Роман Сафуилин (7.носител) со 2:1 во сетови (1:6; 6:3 и 7:6 (7:1)).
Јотовски по водтсвото на противникот во првиот сет од 1:0, го доби вториот сет со 6:3 и успеа да изедначи. Во решавачкиот сет Сафиулин водеше со 5:1 во гемови и 30:0, но нашиот тенисер успеа да направи пресврт. Најпрвин доби пет гемови во низа и поведе со 6:5 и не успеа да искористи меч топки, а потоа во тај брекот беше доминантен и со 7:1 на поени го реши мечот во своја корист. Дуелот траеше 2 часа и 35 минути, а Русинот Сафиулин на овој турнир дојде како победник на фјучрс во Анталија. Воедно Сафулин е лански победник на јуниорскиот Австралија опен.
Ривал на Јотовски во следното коло ќе му биде Шпанецот Алберто Ромеро де Авила Сенсие, кој денеска го победи македонскиот тенисер Бесир Дургути со 6:1 и 6:1 во сетови. Сенсие (18 години) на турнирот настапува со специјална покана откако на претходниот фјучрс во Хамамет беше финалист.
Победа на фјучрсот кај жените постигна и Лина Ѓорческа која ја победи деспина Папамихаил од Грција со 6:3 и 6:1 во сетови. Во второто коло таа ќе игра против Полина Монова од Русија, против која оствари победа претходната недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
-

Ученик физички нападнат од наставник во основно училиште во Шуто Оризари
-

ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво
-

Мицкоски: Има политичари во Македонија кои живеат во минатиот век во време кога зборуваме за вештачка интелегенција
