Јотовски атакува на ново финале

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски денеска ќе игра во полуфиналето на фјучрсот во Скопје, а негов ривал ќе му биде вториот носител Максимилијан Нојхрист од Австрија. Противникот се наоѓа на 458.место и е зао 150 позиции подобро рангиран од нашиот тенисер. Покрај тоа на досегашниот тек од турнирот Јотовски најдолго беше на теренот од сите полуфиналисти бидејќи одигра осум сета, за разлика од Нојхрист, кој играше само пет сета.
Нојхрист во ова полуфинале ќе влезе и како победник на овој фјучрс во игра на двојки бидејќи вчера заедно со сонародникот Давид Пихлер ги победија Дејн Пропоџиа и Цунг Хуа Јанг со 2-0 во сетови (7:6 (7:1) и 6:3).
Полуфиналната програма на терените на ТК „Тенис парк“ ќе почне во 10 часот, а во првото полуфинале ќе играат Давид Пихлер (прв носител) и Нино Сердарушиќ (трет носител). Мечот Јотовски – Нојхрист е веднаш по првото полуфинале, но не пред 11:30 часот.
Денеска стартуваат и квалификациите на вториот фјучрс во Македонија, а ќе настапат 12 македонски тенисери во квалификациите.
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
