ЈОРСМ: Причина за ланскиот пожар во кумановскиот Суд е краток спој на електрична инсталација
- Краток спој на електрична инсталација е причина за ланскиот пожар во кумановскиот Суд, соопштија денеска за МИА од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. ЈОРСМ нема основа за постапување, бидејќи е утврдено дека пожарот не е резултат на човечки фактор и не е намерно подметнат.
- Врз основа на целокупниот прибран доказен материјал, видеоснимки и извршени вештачења кои укажуваат дека причина за пожарот во Основниот суд во Куманово е краток спој на електрична инсталација, јавниот обвинител донесе резолуција дека нема основ за јавнообвинителско постапување, бидејќи е утврдено дека пожарот не е резултат на човечки фактор и не е намерно подметнат, информираа од ЈОРСМ.
Пожарот во кумановскиот суд избувна на 11 јули лани во 01.35 часот, беше зафатена просторија со архива. Пожарникарите го гасеа чадот три дена, поради напластената архива и документи од каде постојано чадеше. Во просторијата каде избувна пожарот имаше архива и документи, предмети од 1952 година од 70-тите и 80-тите години од минатиот век. Увидот го спроведуваше Вишото обвинителство од Скопје, за да се одбегне судир на интереси бидејќи кумановското Обвинителство е сместено во иста зграда, ист објект со Основниот суд. Во увидот учествуваа и екипи на од СВР Куманово, кримтехника, инспектор за пожари и вешто лице електроинженер.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар