Јорданов: Се делува во атарот на селото Селце
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека од рано утрината се делува на терен во атарот на селото Селце. На терен се 25 пожарникари со четири теренски возила распределени на четири позиции заедно со 40 припадници на Армијата и пет претставници на Македонски шуми.
- Теренски се делува на четири локации каде што имаме опожарени места, како и со два хеликоптера за да се локализираат постоечките жариша и пожари на планината Серта од страната на територија на општина Штип, веднаш до село Селце, изјави Јорданов.
Дополнително, на терен се и осум машини кои паралелно ќе работат на трасирање на тампон зона со цел да се спречи евентуално ширење на пожарите.
- Ситуацијата мора да се следи од терен и со оглед на тоа што веќе навлегува во еден критичен период кога во овој период од денот најчесто доаѓа до брзо ширење, ќе бидеме на терен за да ја следиме ситуацијата на лице место и врз основа на тоа да делигираме дополнителни насоки затоа што непредвидлив е пожарот којшто се шири на планината Серта. Јас се надевам дека овој пат ќе се направи соодветен тертман за пред се да се заштити селото Селце за да не дојде до последици и да се спречи уништување на шумите, нагласи Јорданов.
Посочи дека во гаснењето на пожарот на Серта од штипска страна се вклучени и пожарникари од Пробиштип и Кочани.
Доколку има потреба од месно население, рече Јорданов, ќе ја алармираат јавноста. Во овој момент, вели, важно е да има соодветна опрема. Формирани се тимови кои делуваат за да се спречи ширење на пожарот.
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори