Македонија
17. July 2024 - 10:14

Јорданов: По 10 часот ја очекуваме поддршката од воздух за пожарите во штипскиот дел на Серта

По 10 часот се очекува да пристигнат „ер тракторите“ во штипскиот дел на планината Серта, информира денеска за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој посочува дека од синоќа се прават и базени покрај реката Брегалница, кај штипското село Софилири. Ова било договорено во текот на вчерашниот ден и побарано од Центарот за управување со кризи.

Пожарникарите, припадниците на Армијата и полицијата се на терен и интервенираат од земја. Активни се пожари на две локации, над селата Драгоево и Селце и на ридот Штракалево кон полигонот Пенуш, каде месното население има забрана за движење во оваа зона бидејќи има неиспукана муниција.