-->
-->
Јордан: Пет лица загинаа во напад на разузнавачка служба
-->
Најмалку пет лица загинаа утрово при напад на канцеларија на разузнавачка служба во палестинскиот камп за бегалци Ал Бака, кој се наоѓа во близина на Аман, изјави Мохамад ал Момани, портпаролот на јорданската Влада.
Јорданската телевизија, повикувајќи се на изјавата на Момани, наведе дека станува збор за терористички напад.
Во нападот загинаа тројца припадници на јорданската разузнавачка служба, еден чувар и еден оператор на телефонска централа во канцеларијата.
Момани наведе дека нападот се случил утрово пред седум часот, и додаде дека цел на нападот била локалната канцеларија на разузнавачката служба во кампот, каде се сместени повеќе од 70.000 бегалци.
Ниту една група не презеде одговорност за нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре инаугурација на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ХДЗ бојкотира
-
Мисајловски во официјална посета на Словенија
-
3.142 казнети возачи викендов, 1.498 за брзо возење, 247 возеле без возачка, 111 под дејство на алкохол
-
Пронајдени угинати берберски овци во Зоолошка
-
Тешко повреден 18-годишен мотоциклист
-
Одземени 672 парчиња брендирана роба во дојранско
-
Путин ги испраќа Лавров и Ушаков на разговори со САД во Ријад
-
Умбер ја одбрани титулата во Марсеј