Јончевски повика 24 кошаркари за новиот евро-квалификациски циклус
Новиот селектор на македонската машка кошаркарска репрезентација Александар Јончевски денеска го објави поширокиот список играчи за претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025.
На поширокиот список повикани се 24 кошаркари Бобан Стајиќ, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Адем Мекиќ, Андреј Јакимовски, Марко Миловановиќ, Виктор Ефремовски, Ненад Димитријевиќ, Лука Савиќевиќ, Андреј Митревски, Виктор Ташовски, Бојан Крстевски, Љубомир Младеновски, Теодор Симиќ, Амар Хот, Стојан Ѓуроски, Гоце Петрушевски, Димитар Пандев, Ваљмир Какруки, Андреј Маслинко, Филип Bакоч, Резарт Мемед.
Во претквалификациите за Евробаскетот 2025 „Црвено-жолтите“ се во група со Данска, Словачка и Норвешка. Првиот натпревар ќе биде одигран на 25 август кога избраниците на Јончевски ќе и гостуваат на Данска, а три дена подоцна на 28 август во Скопје гостува Словачка.
Ново на Сител
-
Законот за јазици ќе чека до март
-
Ахмети: Отпор ќе има
-
СДСМ: Се враќа Сваровски судството
-
Тајсон: Не се сеќавам на борбата против Пол, дури и не знам зошто го направив тоа
-
Од утре повремени врнежи од дожд, утринските температури значително пониски
-
Одземени записници од Судскиот совет
-
Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија