Јолевски во Охрид на НАТО школата за борба против ИСИС

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Охрид ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на НАТО напредната школа на тема „Борба против активностите на ИСИС за радикализација преку сајбер-просторот во регионот на Југоисточна Европа“.
Работилницата, како што соопшти Министерството за одбрана, се реализира во ко-организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Бугарската академија на науките, а ќе се одржува до 7 април. Учесници се над 45 претставници од безбедносниот сектор од Македонија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
На работилницата ќе стане збор за глобалните трендови во однос на употребата на сајбер-просторот и технологиите од страна на ИСИС, како и на градењето регионална соработка меѓу учесниците од НАТО и земјите од Партнерството за мир.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
