Јолевски повика на прием на Македонија во НАТО за да се зацврсти стабилноста на Балканот
Министерот за одбрана Зоран Јолевски повика за прием на Македонија во НАТО, со цел да се зацврсти стабилноста во балканскиот регион во екот на мигрантската криза. Изјавата на Јолевски, дадена при посетата на Словенија, доаѓа во пресрет на јулискиот самит на НАТО во Варшава.
"Македонија покажа дека е одговорна членка на меѓународната заедница. Бегалската криза е дополнителен доказ дека сите земји од регионот мора да бидат интегрирани во структурите на НАТО, доколку нивните граѓани и влади то го сакаат. Ние веруваме дека регионот ќе биде постабилен доколку во него има повеќе членки на НАТО", изјавил министерот Јолевски во Словенија.
Асошиејтед прес кој ја пренесе изјавата, пишува дека Македонија со децении е закочена во обидите да се зачлени во Европската Унија и во НАТО поради грчкото вето. Наведено е дека Македонија во изминатите месеци дозволила стотици илјади мигранти да поминат преку нејзина територија, од Грција кон северна Европа, но го ограничила нивното минување под притисок на Австрија и другите балкански држави.
Ново на Сител
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста