Јолевски на Самитот на НАТО во Варшава
Во полскиот главен град Варшава денеска и утре ќе се одржува Самитот на Северно - атлантската Алијанса – НАТО на кој ќе присуствува и министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Јолевски ќе има обраќање на Состанокот на министри за одбрана за платформата за интероперабилност, а се очекува да оствари и повеќе билатерални средби со своите колеги, министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата.
На 1 јули Кабинетот на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов информираше дека тој нема да учествува на Самитот на НАТО во Варшава, поради игнорирање на меѓународното право, пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, геополитичките аспекти и безбедносните предизвици во регионот.
Се додека не се земат предвид овие факти, посочија од Кабинетот, претседателот Иванов нема да учествува на самити на НАТО, а Република Македонија ќе биде претставувана на ниво на министри за одбрана и за надворешни работи, пракса воспоставена од самитот во Кардиф во 2014 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти