ЈО: Позитивни на коронавирус сакале да отпатуваат со лажен ПЦР тест, предложена парична казна
Иако со Решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат од 5 април на двајцата обвинети им била определена задолжителна изолација и лекување во домашни услови како потврдени случаи на заболени од Ковид-19, тие на 7 април со лет од Меѓународниот аеродром Скопје се обиделе да ја напуштат државата, информираат од Јвното Обвинителство.
Како што се наведува во соопштението лицата пред овластените службени лица на аеродромот прикажале лажни потврди за негативен ПЦР тест за коронавирус, наводно изработен од лабораторија во Скопје на истиот ден кога всушност добиле позитивен резултат. Иако знаеле дека таков сертификат не им е издаден од наведената лаборатирја, тие сепак потврдите ги употребиле како вистинити, со што сториле две кривични дела.
-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против двајца браќа од Сарај, на возраст од 24 и 26 години, заради кривични дела – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1, како и Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје секое од сторените кривични дела да го санкционира со парична казна од по 50 дневни глоби во вредност од по 40 евра, односно на двајцата сторители да им изрече единствени парични казни од по 90 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 40 евра во денарска противвредност, соопштуваат од ЈО.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
