ЈО поведе постапки за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тест на скопскиот аеродром
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 72-годишен државјанин на Република Турција кој се товари дека извршил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик, откако на скопскиот аеродром покажал фалсификувана потврда за ПЦР тест.
-На 9 април, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот употребил како вистинска лажна исправа – медицински сертификат за негативен ПЦР тест на SARS-COV-2 вирусот. Иако знаел дека документот е лажен, односно дека на 7 април не се тестирал во наведената лабораторија во Скопје, тој се обидел да ја напушти државата, употребувајќи го сертификатот пред овластените службени лица на аеродромот, се вели во соопштението од ОЈО.
За истото кривично дело, информираат од ОЈО, поведена е постапка и против двајца македонски државјани, маж и жена од Чегране, кои со лажна потврда за негативен ПЦР тест се обиделе да ја напуштат државата на 13 март. За нив надлежен јавен обвинител до Судот достави Предлог за издавање казнен налог со кој на Судот му предложи да им изрече парична казна од по 100 дневни глоби, а поединечната вредност на дневната глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
