ЈО: Доставен предлог за определување 48 часовен притвор за тројца приведени поврзани со исчезнатото девојче
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор за тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања, со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот.
Како што соопштија од Јавното обвинителство, во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази.
-Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани, се вели во соопштението на ЈО.
Од МВР информираат дека, СВР Скопје интензивно работи на рачистување на случајот, по што соодветно ќе ја информираат јавноста.
Инаку, во текот на вчерашниот ден беа приведени пет лицаво врска со случајот за исчезнувањето на девојчето Вања.
- Синоќа до доцните часови се работеше интензивно. Морам да кажам дека имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило, со што се продолжува понатаму со активностите. Тоа е нешто плус што го презедовме во однос на сето она како доказ, како трага што го обезбедуваме, се со цел да дојдеме до расчистување на овој случај, изјави вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тој појасни дека низа криминалистички истражни мерки се презедоа во изминатиот период се со цел да се утврдат сите овие факти.
Ново на Сител
-
СПМ: Македонскиот идентитет и јазик се реалност, не треба да биде предмет на оценки и дебати
-
21-годишник со мотоцикл удрил пешак во Велес и побегнал
-
ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од порано, сега се реагира веднаш за пожарите
-
Допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации - обвинение за поранешниот директор на Шутка, Филип Андонов
-
Од 902 сообраќајни прекршоци вчера, 148 без возачка дозвола
-
Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон
-
Два полициски хеликоптери го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени преку 70 тони вода
-
Фрлени палети намачкани со бензин, некој сакал да го реактивира пожарот кај Чучер-Сандево | ВИДЕО