ЈО бара притвор за дилери на хероин и кокаин во Тетово и Гевгелија
Јавното обвинителство бара притвор за двајца дилери на дрога, едниот од Тетово, другиот од Гевгелија, кај кои биле пронајдени кокаин и хероин.
Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 45 години за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
- На 8 ноември, во Мала Речица, осомничениот како совозач во автомобил држел 41,5 грама наркотична дрога кокаин, наменета за препродажба, информираат од ЈО.
Во Гевгелија пак, јавниот обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка за истото кривично дело против лице кое на паркинг просторот заради продажба држело наркотична дрога хероин спакувана во 23 најлонски омоти во зелена боја со количина од 3.47 грама, подготвени за продажба.
За двајцата осомничени, јавните обвинители до надлежните судови доставија предлози за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-
Колешино - Село со пример за верски соживот
-
Д-р Митов: Науката потврди дека јајцата можат да бидат корисни за здравјето, но да не се претерува
-
Ахмети ја потврди комуникацијата со Таравари - ВЛЕН најавува спојување во една партија
-
Германија ќе отпушти 1/3 од вработените, драстични отпуштања кај нас нема да има
-
Христијаните ширум светот го празнуваат Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
МПЦ се подготвува за Велигден