Јилдирим се предомисли: Нема отштета за соборениот руски авион

Турскиот премиер Бинали Јилидирим денеска ја повлече својата синоќешна најава дека Анкара е подготвена да и плати отштета на Русија за соборувањето на рускиот воен авион во реонот кај границата со Сирија во ноември минатата година.
- Исплатата на отштета на Русија не е во понудата, само изразивме жалење, изјави денеска Јилдирим.
Како што јави Си-Ен-Ен Турк, ваквата изјава на Јилдирим доаѓа по помалку од 24 часа по неговата најава дека Турција би се согласила да и плати обесштетување на Русија за уривањето на нејзиниот воен авион, што довдеде до значително влошување на односите меѓу двете земји.
- Мислам дека се разбравме во врска со оваа афера. Инцидентот ќе го оставиме зад нас и ќе продолжиме по нашиот пат, рече Јилидирим.
Кремљ објави дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера упатил писмо до неговиот руски колега Владимир Путин во кое изразил жалење поради уривањето на рускиот авион и нагласил дека во Анкара постои волја за подобрување на билатералните односи.
По ваквите пораки и изјави, според најавите на турските медиуми, за утре е закажан телефонски разговор меѓу Ердоган и Путин, кој би бил прв по уривањето на рускиот авион.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
