-->
-->
Јилдирим: АКП ќе го предложи Ердоган за претседател на партијата
-->

Турскиот премиер и претседател на Партијата на правдата и развојот (АКП), Бинали Јилдирим денеска изјави дека на вонредниот конгрес на 21 мај АКП за свој лидер ќе го предложи претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Претходно, Ердоган потпиша барање за членство во АКП и беше примен откако 33 месеци имаше натпартиски статус. Тој е основач на АКП, но по изборот на претседател на Турција беше принуден да ја напушти лидерската функција во партијата.
Враќањето на Ердоган во АКП стана можно по референдумот за уставни измени спроведен на 16 април.
- Тоа е историски момент за Турција и нејзината демократија, со кој завршува периодот на поделба на власта, кога земјата беше раководена од претседател и премиер, посочи Јилдирим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
