Јевтиќ: Формирањето на ЗСО клуч за продолжување на дијалогот

Косовскиот министер за заедници и враќање Далибор Јевтиќ смета дека продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина е од големо значење, а формирањето на Заеднцата на српски општини (ЗСО) неопходен чекор за продолжување на разговорите.
Како што јави дописникот на МИА, Јевтиќ ова го изјавил на средба во Вашингтон со заменик помошникот на американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер, со кого разговарале за повеќе актуелни прашања во Косово.
Тема на разговор била и положбата на Србите во Косово, при што Палмер искажал разбирање и поддршка за сите процеси кои придонесуваат за стабилност.
- Имаме многу предизвици кои не очекуваат оваа година. Треба да решиме неколку проблеми со цел целиот регион на Западен Балкан да оди напред и да стане дел од ЕУ. Поддршката на САД за постигнување мир и стабилност во Косово е од големо значење, изјавил Јевтиќ.
Тој додал дека убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ бара одговор на прашањето кој и зошто го извршил криминалнот чин.
Двајцата соговрници разговарале и околу враќањето на расселените во нивните домови и пречките кои се појавуваат на патот за нивно враќање.
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
