Јазовец „експерт“ за бегство
Малиот јазовец Стофел го доби епитетот на „Ел Чапо во светот за животните“, поради неговото повеќекратно бегство од кафезот во Зоолошката градина во која живее.
Како што објави Би-Би-Си, Стофел би нашол начин да побегне и од злогалсниот Алкатраз, доколку биде затворен таму.
Имено, Стофел успева успешно да ги отвори сите брави, се качува вертикално по врати и ѕидови, копа туниели..., односно прави се што е потребно за да се најде на слобода.
Чуварите во Зоолошката грдина досега презеле повеќе мерки за да ги оневоможат бегствата на Стофел. Тие изградиле високи ѕидови во неговиот кафез и ги исекле сите дрва за да не може да се качува по нив. Но, Стофел и тогаш нашол начин за бегство, па почнал да собира камења и со нив да гради еден вид скали.
- Навистина дадовме се од себе. Ги отсранивме сите камења, но тој пак најде начин да побегне. Секогаш не надмудрува, изјави еден од чуварите.
Но, при едно од бегствата, Стогел се нашол на „погрешно место“ во кафезот на лавот, кој бил непријателски расположен кон „натрапникот“ нанесувајќи му повеќе повреди.
Снимката со обидите за бегства на Стофел се најде и на социјалните мрежи, по што многумина коментираа дека малиот јазовец е попаметен од многу луѓе.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата