Бизнис
25. August 2017 - 21:06

Јазот меѓу богатите и сиромашните во Македонија - Најголем во Европа

Јазот меѓу личниот доход на најбогатите и сите останати во Македонија е најголем во Европа. Анализа на министерството за финансии покажала дека најбогатите 1% граѓани заработуваат по 4180 во просек месечно, наспроти преостанатите 99% од граѓаните кои просечно заработуваат по 262 евра.

Или кај најбогатите 1% луѓе во земјава завршува 14 отсто од вкупниот доход.  Или 3 проценти од граѓаните заработуваат исто колку и 50 отсто од граѓаните.

Со различни примери анализата заклучува дека Македонија е лидер по нееднаквост меѓу европските земји кои објавиле вакви податоци.

Владата планира да ја намали преку повисоката минимална плата, надоместот за стечајците и даночната реформа која е во подготовка.

Анализата на основа на податоци од УЈП, утврдила дека лани 15 лица остдвариле доход повисок од милион евра, а највисокиот бил 2,6 милиони.

Над 500 илјади евра заработиле 66 луѓе, а над 100 илјади евра доход имале 775 лица. Само оваа последна група заедно остварила доход од 190 милиони евра што е еднакво на заедничкиот доход на 210 илјади лица со најниски приходи.

При тоа најбогатите плаќаат најмалку данок како процент од доходот.

Бројни студии утврдиле поголем економски раст во земји кои имаат прогресивни стапки на данок, истакна тимот на министерството, додека поголемата нееднаквост во распределбата на богатството придонесува за полоши параметри во социјалната мобилниост, образованието, здравјето и стапките на криминал.