Јавното обвинителство во Гостивар спроведува истрага за случајот со можна неисправност на водата за пиење

Основното јавно обвинителство Гостивар презема конкретни истражни дејствија во врска со случајот со можна неисправна вода за пиење, откако повеќе граѓани побарале лекарска помош поради здравствени тегоби за кои постојат сомневања дека се поврзани со водоснабдителната мрежа.
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска информираше дека на подрачјето на Основното јавно обвинителство Гостивар се спроведуваат проверки во кои се вклучени сите надлежни институции со цел да се утврдат околностите на настанот и дали станува збор за кривично-правен случај.
- На подрачјето на Основно јавно обвинителство Гостивар се преземаат конкретни истражни дејствија во кои се вклучени сите потребни институции за да се утврди таа состојба. Дали станува збор за евентуално кривично-правен настан или од други аспекти – истакна Савески.
Тој нагласи дека надлежниот јавен обвинител денеска постапува по случајот и прибира информации од релевантните институции, поради што, како што наведе, е рано да се дава правна квалификација на настанот.
- Да не избрзувам со правна квалификација околу тоа. Дејствијата се преземаат токму денес. Очекувам и јас информации од страна на надлежниот јавен обвинител, така што не би било благодарно сега од ова место да одредувам правна квалификација наместо надлежниот обвинител- изјави Савески.
На новинарско прашање дали, со оглед на тоа што станува збор за можност од нарушување на јавното здравје, ќе биде побарана одговорност доколку се утврдат неправилности, јавниот обвинител посочи дека најнапред треба да се утврди дали постојат основи за кривично дело.
- Прво треба да се види дали има основи за постоење, па потоа и видот на кривичното дело, доколку има-појасни јавниот обвинител.
Надлежните институции во моментов ги испитуваат причините за појавата на здравствените проблеми кај граѓаните, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на првичните проверки и анализи.
МИА
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
