Јавните набавки за време на коронавирусот го зголемуваат ризикот од корупција
Вонредноста на состојбата, општиот недостиг на неопходните производи и брзината со која се спроведуваат набавките поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата со коронавирусот го зголемуваат ризикот од корупција при примената на оваа, и онака нетранспарентна постапка за јавна набавка, порачува Центарот за граѓански комуникации.
– Состојбата со новиот коронавирус Ковид-19 и прогласената вонредна состојба во земјава наметнуваат потреба од итни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од овој вирус. Овие набавки, во согласност со Законот за јавни набавки, се спроведуваат со директно преговарање со фирмите, односно преку постапка со преговарање без објавување оглас, за што на институциите не им е потребно ни претходно мислење од Бирото за јавни набавки. И добавувачите, знаејќи дека институциите се во тесно и немаат голем избор, можат да го искористат овој период за зголемување на цените над вообичаените и реалните, велат од Центарот за граѓански комуникации.
За да се стесни просторот за можна злоупотреба на и онака скромните јавни ресурси, нагласуваат, потребно е да се вложат максимални напори за зголемување на транспарентноста, отчетноста и рационалноста на овие набавки.
– Заклучно со 5 април 2020 година, објавени се вкупно 17 известувања за склучен договор и 12 одлуки дека е направен избор на најповолна понуда и дека ќе се склучи договор. Со оглед на малиот број договори за кои се доставени информации до Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), се отвора прашањето дали институциите ја почитуваат законската обврска – известувањата за склучените договори и самите договори да ги објават во рок од десет дена од склучувањето на договорот. Важноста од објавувањето на овие два документи произлегува оттаму што тие се единствениот извор на информации за овие набавки, за кои, во согласност со Законот за јавни набавки, не се објавува ниту оглас, ниту тендерска документација, велат од Центарот за граѓански комуникации и посочуваат дека во половина од склучените договори за итни набавки се преговарало само со една фирма.
Се забележува, посочуваат, дека цените за слични производи се значително различни во зависност од тоа дали институцијата преговарала само со еден понудувач или вклучила повеќе понудувачи од кои го избрала најповолниот.
Препорачуваат институциите да настојуваат да ја добијат најдобрата вредност за потрошените пари. Тоа, како што велат, ќе го постигнат со навремено објавување на известувањата и склучените договори за набавките поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од вирусот Ковид-19, а најдоцна десет дена од склучувањето на договорот.
Покрај тоа, велат, неопходно е да се информира јавноста и за одлуките за склучување договори за итна набавка, да се вклучуваат повеќе фирми во преговарањето, да се искористи процесот на преговарање за постигнување разумни цени и да не се склучуваат договори со нереално високи цени, да се дава прецизен опис на набавените производи во склучените договори, да се почитуваат роковите на испорака на набавените производи, како и детално да се образложуваат причините за секоја набавка во одлуката за набавката за да се оправда дека договорниот орган не можел да ја предвиди набавката, немал време за примена на други постапки и дека околностите за крајната итност во никој случај не можат да ѝ се припишат на институцијата што набавува.
Ново на Сител
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа
-
Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк